Ново издание на Кумановско-осоговската Епархија
Со благослов на Митрополитот Кумановско-осоговски, г. д-р Јосиф, Епархискиот црковно-образовен совет го објави првиот наслов од својата библиотека: „Православен катихизис“ на свети Филарет Московски. Катихизисот е пишуван во периодот 1822-1823 г., а објавен во 1823 година. Содржината е поделена на пет дела: Вовед, За верата, За надежта, За љубовта и Заклучок.
- За да се ползуваме правилно со учењето за верата и благочестието, треба да го исполуваме она што сме го познале под страв за тешко осудување во случај на неисполнување. Кога го знаете ова, блажени сте, ако го извршувате (Јн. 13, 7). А оној слуга, кој ја знае волјата на својот господар и не се подготвил и не постапил според неговата волја ќе биде многу биен (Лк. 12, 47).
Извор:
http://koe.mk/novo-izdanie-koe-pravoslaven-katihizis/