Скопје , 29-ти noeмври, лето Господово 2013- храм на св.вмч Димитриј, на празникот на светиот апостол и евангелист Матеј
Светиот апостол и евангелист Матеј
На 29-ти noeмври 2013 година, во дваесетивтората недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на Светиот апостол и евангелист Матеј , во овој храм на св.вмч. Димитриј, во Скопје, каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот дух, отец Драги Трпески отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата се отслужи мал петочен водосвет.
Старец Софрониј
Знаците на ’растот до полнотата Христова’ во пределите на земното се: молитва слична на Христовата Гетсиманска молитва и умирање слично на Неговото на Голгота. При ова човекот во полна мера влегува во Божествената вечност. Ова е влегување во радоста на својот господар (Мат. 25, 21).
Преминпортал (к.т.)