(22.11.2013 14:45)
Денес излезе од печат новиот број на православното списание „Премин“, посветено на преподобниот Старец Софрониј Сахаров.
„Христовите заповеди кои во овој свет ги отвораат небесните врати, отец Софрониј ги резимираше во една литургиска формулација која често ја повторуваше: „Трудете се да го поминете својот ден без грев, т.е. свето, не повредувајќи го ближниот, помирувајќи се со неговите евентуални недостатоци, целосно и напрегнато чувствувајќи го постојаното и невидливо присуство на Бог, овде и сега. Внимавајте во вашите животи да нема ништо што не извира од личноста. Погрижете се да живеете како да треба да дадете одговор за секој двиг на вашето срце и вашиот ум. Вашиот дух деноноќно нека пребива таму каде што се наоѓа Христос“. Ваквиот внатрешен став претпоставува непрекината борба против страстите и нивните космички енергии: помислите. Отец Софрониј своите духовни чеда ги вежбаше токму во оваа култура на духот, во вистинската „наука над науките“, за која на овој свет не се добива диплома.“ (Максим Егер)
Содржината на овој број ги донесува следните наслови:
1. Уводник: Барајте и ќе најдете / уредникот
2. Архимандрит Софрониј – монах во светот и за светот / Максим Егер
3. „Длабокото срце“ / Архимандрит Захариј
4. Беседи: Возвишеноста на монашкиот призив / Архимандрит Софрониј
5. Од писмата на Старец Софрониј: Од Крстот не се слегува, од него те симнуваат / Оливера Павловиќ
6. За творештвото / Архимандрит Софрониј
7. Светогорците за Старец Софрониј
8. Житија: Преподобен Силуан Атонски
9. Светлината на личната средба со Бога / Златко Дивјаковски
10. Patristic Treasury: ‘In That Day You Will Ask Me Nothing’ / Archimandrite Sophrony
11. Митрополит Струмички Наум: Отец, сакам да застанам на сопствени нозе / Покајание / Среќа
12. „Ве молиме, во името на Христа, измирете се со Бога“ / презвитер Горан Стојчевски
13. Медицината и Православието: Многувековната страст – F10 / о. Григориј и д-р Александра Јакимови
14. Неколку мненија за книжевните јазици / о. Виктор
15. Обновувањето на источното црковно пеење во Битола во последните две децении / протопсалт Игор Гулевски
16. Нишка патка / Јанко Илковски
17. Детско катче / Старечник за деца: Грозје на љубовта
18. Вести од православието
19. Занимливости
20. Inbox: Haiku Стихови
Извор: МПЦ-ОА