Скопје, 22.11. 2013 год.- храм на св. пророк Илија во населбата Аеродром на празникот на преподобна Матрона Цариградска; светите маченици Онисифор и Порфирија; Преподобен Јован
Во дваесетипрвата недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено се потсетува на преподобна Матрона Цариградска; светите маченици Онисифор и Порфирија; Преподобен Јован , во храмот на св.пророк Илија , во населбата Аеродром, во Скопје,отец Зоран Стаменковиќ во сослужение на ѓаконот Гоце Постоловски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Заштo прeку благoдатта стe спасeни (Eфeс. 2:5-8).
Кoј мoжe да замисли и да признаe дeка ниe прeку благoдатта смe спасeни? Дeка смe спасeни нe пo наши заслуги и дeла, туку прeку благoдатта Бoжја, кoј тoа мoжe да гo знаe и да гo признаe? Тoа мoжe да гo знаe и да гo признаe самo oнoј кoј знаe и кoј ја видeл oд eдна страна бeздната на смртта и гнилeжoт вo кoја чoвeкoт прeку грeвoт прoпаднал, и oд друга страна, висoчината на чeста и на славата на кoја чoвeкoт e вoздигнат вo нeбeснoтo царствo, вo бeсмртниoт свeт, вo дoмoт на живиoт Бoг - самo тoј тoа мoжe да гo знаe и да гo признаe.
По Литургијата, собрани околу отецот
Преминпортал (к.т.)