Дељадровце, 10.1. 2013 год.
На 10-ти ноември, во Соборниот храм на св. Никола, во Куманово, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со архиереите од Светиот Синод на МПЦ-ОА, отслужи Света Архиерејска Литургија, на која Неговото Високопреосвештенство г. Јосиф беше востоличен за Митрополит на Кумановско-Осоговската епархија.Во своето обраќање на интронизацијата, Митрополит Кумановско-Осоговски, помеѓу останатото рече: „Но, денес, исто така, совеста ми налага да се сетам и на блаженоупокоениот митрополит Кирил, за неговата пастирска грижа и советите за мудро управување со паствата Христова. Упатствата што ми ги даваше ќе ми бидат од голема полза во архиерејската служба и епархиската должност.“ Ова беше поттикот за нас, да го посетиме вечното почивалиште на Владиката Кирил.
„ Тој беше голем пастир. Многу ги сакаше луѓето, соето свештенство, и секогаш се грижеше за нив. Лично го познавав. Многу ни недостасува. “ - ова го чувме од дипломираниот теолог, кога го сретнавме покрај вечното почивалиште на Владиката Кирил.
Непосредно, по средбата со богословот, во посета на вечното почивалиште на владика, стаса и градскиот женски хор „Менада“ од Тетово, заедно со својот диригент, професор д-р Ивица Зориќ. Од разговорот со него дознаваме:
„ Кога ќе врвите овде по автопатот, кон Скопје или за Куманово, јас ќе ве гледам одовде, од ова место, и мафнете ми, сетете се на мене.“Ова го порача владиката Кирил, која порака диригентот и негов пријател Ивица, со кого другарувањето траело малтене триесетина години, ја запомнил. И ете и денес, Ивица ја исполнува неговата порака. Тие му оддадоа почит и му испеаа неколку прекрасни молитви.
Преминпортал (р.к/к.т)