„Погрижи се да се сочуваат и обноват старите храмови и манастири, а гради и нови каде што ќе има потреба. Но, најмногу погрижи се за верата, за духовната надградба на народот што ти е доверен “- Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
Куманово- Соборен храм на св. Никола
На 10 ноември 2013 година, кога Светата Црква молитвено го празнува споменот на света маченичка Параскева Икониска, во Соборниот храм Свети Никола во Куманово, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на
архиереите од Светиот Синод на МПЦ-ОА, отслужи Света Архиерејска
Литургија, на која Неговото Високопреосвештенство г. Јосиф беше
востоличен за Митрополит на Кумановско-осоговската епархија.
...А, најголемата благодарност, секогаш Му припаѓа на Бога, за сите доброчинства направени за нас, зашто не се откажува да направи сé за нас, додека на небото не нé возведи, и царството идно не ни го подари.
Амин!
Преминпортал ( Р.Т/К.Т.)
- Друго: