Скопје , 8-ти noeмври, лето Господово 2013- храм на св.вмч Димитриј, на празникот на Светиот великомаченик Димитриј
Тропар, глас 3.
Целиот свет најде во тебе заштитник, страдалнику, кој ги победуваш незнабошците. И како што си ја победил горделивоста Лиева, и за борба си го охрабрил Нестора, така свети Димитрие, моли се на Христа Бога, да ни дарува милост голема.
Светиот великомаченик Димитриј
На 8-ти noeмври 2013 година, во деветнасеттата недела по Педесетница,
кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на Светиот великомаченик Димитриј , во овој храм на св.вмч.
Димитриј, во Скопје, каде фреските и понатаму сведочат за присуството на
дарот
на Светиот дух, се отслужи Божествена
Литургија.Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Старечник
Ава Сисој говорел: „Биди смирен, откажи се од својата волја, не грижи се за ништо световно и ќе бидеш спокоен.“ Еден брат го прашал ава Сисој: „Што да правам со страстите?“ Старецот му одговорил: „Секого го искушува неговата похот, која го влече и мами.“
Преминпортал (к.т.)