БДЕНИЕ ВО МАРКОВ МАНАСТИР ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИКОТ СВ. ДИМИТРИЈА
Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“ во с. Маркова Сушица на 7 ноември 2013 г. молитвено се подготви за храмовиот празник „Свети Димитрија“ – Митровден. По вечерната богослужба предводена од Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан во сослужение на епископот д-р Јосиф ; со почеток во 23:30 ч. се отслужи бдение. Се отслужи Акатист кон светиот великомаченик и чудотворец Димитрија, Акатист кон Пресвета Богородица проследени со утрински молитви. На певницата милозвучно се молеа учениците на богословското училиште „Свети Климент Охридски“, од Скопје.
Игуменијата Илијана и сестринството по повеќедневните подготовки посветено се предадоа на пречекувањето на поклониците и на празнувањето на патронот свети Димитрија.
За Преминпортал:
Ратислав Кардалев