Mississauga, ON – Во саботата, на 26 октомври 2013 година, Македонската православна црковна заедница Свети Илија од Мисисага свечено го одбележа својот втор храмовен празник посветен на најпочитуваната македонска маченичка Света Злата Мегленска. Беше отслужена Света Архирејска Литургија со која чиноначелствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско - Канадски господин Методиј во сослужение со архирејскиот намесник прота-ставрофор Трајко Босоевски, прота-ставрофор Јован Босоевски, прота-ставрофор Дане Илиевски и парохискиот свештеник протоереј Константин Митровски. По светата Литургијата свештенослужителите во капелата посветена на Света Злата Мегленска го извршија чинот на водокрст и го благословија славскиот колач.
Кумови за овогодишната слава беа фамилијата на Филип Шмагранов, а за идната година желба за кумство изрази фамилјата на Томе Арсовски.
Во продолжение на прославата, во вечерните часови, во организација на женската секција и пензионерското друштво беше приреден свечен банкет во црковната сала, каде свој настап имаше детската играорна група "Илинден", а музичкиот дел го исполнија Соња и Оливер Бенд. Присутните гости ги поздравија претседателот на Управниот одбор д-р Зоран Нушев и Митрополитот Методиј.
За многу години нека е храмовиот празник и Господ по молитвите на втората заштитничка на овој храм Света Злата да ни дарува секое добро. Амин.
Извор:АКПМЕ