Служба во храмот на преподобна Параскева во Дебар
27.10.2013 год.
Денес кога го славиме споменот на светите отци од Седмиот вселенски собор во Никеја а истовремено си спомнуваме и за преподобната Параскева, сестринството од манастирот во Победоносецот во Рајчица беше покането да учествува на светата Литургија во храмот посветен на светителката во Дебар. Голема беше радоста на парохискиот свештеник и на дебарчани што ги споделија со нашето сестринство своите молитви и прозби кон преподобна Параскева, просејќи го нејзиното застапништво за овој некогаш многу прочуен занаетчиски и еснафски град, и за целата наша убава татковина. Не заборавивме да се потсетиме и на големата заслуга на отците од Седмиот вселенски собор, кои со својата голема љубов и ревност ја сочувале и за нас, идните поколенија, ја утврдиле значајната улога на иконопочитувањето:
,,Денес храмовите се разубавени, украсени со светлите икони. Поради тоа црквите во целиот свет пеат со оние што Го слават Оној, Којшто ги надминува сите луѓе со Својата убавина: Боже на нашите татковци, благословен си.“
(Канон на светите Отци).
Извор: Бигорски манастир