Скопје, 27.10.2013 год- храм на св.Јован
Крстител, на празникот на
Преподобна Параскева (Петка)
На 27-ми октомври 2013 година, во шеснаесеттата недела по Педестница, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на Преподобна Параскева (Петка), во храмот на св.Јован Крстите, во Скопје, отец МСтефче Беќарски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата отецот произнесе беседа во која го истолкуважитето на св.Петка . Посочи на големината и значењето на нашиот православен народ кон култот кон светителката.
Авва Марко
И така, ако сакаш да ја одржиш победата над страстите, пребивај во молитва и со содејство на Бога внатре во себе, слези во длабочината на срцето и таму проследи ги следниве три силни дивови: заборавноста, мрзеливоста и незнаењето. Тие се потпора на вознемирувањата на мислите, преку нив навлегуваат другите зли страсти, се враќаат, дејствуваат, живеат и крепат во душите на сластољубивите. Но ти, со големо внимание и настојување на умот, во содејство одозгора од кога еднаш ќе ги пронајдеш овие невидливи дивови на злото, потоа лесно ќе можеш да се избавиш од нив, пак, со внимание и молитва. Тогаш од твојата ревност за вистинското знаење, за паметењето на Божјото слово и согласувањето на твојата волја и живот при состојба на внимание во срцето и постојано чување на силата на дејствената благодат – заборавноста, незнеањето и мрзливоста ќе бидат истребени и ќе исчезнат.
Preminportal (к.т.)