kyprian.pizhov.easter.day.1991.jpg
 
 Изненадувачки е што има и такви православни родители кои негативно реагираат кога ќе дознаат дека нивните деца сакаат да станат монаси или монахињи.  Ако чуеме дека детето изразува таква желба не би требало да ја отфрлиме како детски хир, за да не погрешиме против потенцијалниот Божји повик во детето. Од друга страна, не би требало таквата детска намера да ја сметаме за нешто обрврзувачко. Треба да се почека детето да порасне и да донесе зрела и лична одлука. Погрешно е да се потсмеваме на детето кое сака да стане монах или монахиња, или да го обесхрабриме, или пак да раскажуваме на другите за тоа. Треба да се советува детето да се моли во срцето и да биде трпеливо.
 
 
 
Повеќе