На 19-ти септември, лето Господово 2013, на празникот Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил , во манастирот Успение на Пресвета Богородица, во Матка, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Кумановско-осоговскиот митрополит г. Јосиф, јеромонахот Атанасиј Арсоски и ѓаконот Ѓоко Бурмузоски, на вечерна богослужба ги замонаши во мала схима сетрите Гаврила и Нина.
„Сестрата наша се облекува во облека на веселба и духовна радост, на одгонување и газење на сите таги и метежи кои наидуваат од ѓаволот, од телото и светот, и на постојано веселие и радување нејзино во Христа, во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, да речеме сите за неа, Господи помилуј!“ (Од чинот на монашење)
Преминпортал (к.т.)
- Друго: