На 28. 08. 2013 Лето Господово, „Успение на Пресвета Богородица“ – Голема Богородица, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на Надлежниот Митрополит Брегалнички Неговото Високопреосвештенство г. Иларион, Архимандитот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, а во присуство на Претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорѓе Иванов со својата сопруга, г – ѓа Маја Иванова и многубоен народ, отслужи Празнична Света Архиерејска Литургија, одража пригодна содржајна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. Истиот ден, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на Митрополит Брегалнички г. Иларион, Архимандитот Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, а во присуство на Претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорѓе Иванов со својата сопруга, г – ѓа Маја Иванова, Амбасадорот на Р. Русија во Р. Македонија, г. Олег Шчербак, со својата сопруга, Амбасадорот на Америка во Р. Македонија, г. Пол Волерс, со својта сопруга, Заменик Претседател на Владата и Министер за Финасии г. Зоран Саврески, Заменик Министер на АРМ, г. Емил Димитров, Заменик Министер за животна средина и просторно планирање, г – ѓа Соња Лепиткова, Градоначалникот на Општина Пробиштип, г. Тони Тоневски и многубоен православен народ, го освети новоизградениот пазар во Општина Пробиштип. Со огромна радост, Претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорѓе Иванов со својата сопруга, г – ѓа Маја Иванова, Амбасадорите на Р. Русија и Америка, Министрите при Владата на РМ и Градоначалникот на Пробиштип, го посети Лесновскиот древен манастир кој беше пречекан со огромно достоинство од Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион заедно со Лесновското братсво. Митрополитот Брегалнички г. Иларион Му посака топло добродојде на Престедателот и Му подари икона со ликот на Пресвета Богородица и икона со ликот на Св. вмч. Георгиј. По ова Претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорѓе Иванов со својата сопруга го посети и манастирот посветен на „Животворнот Извор на Пресв. Богородица“ во месноста Марена - Злетово и женскиот манастир „Св. Спиридон“ во Злетово, метоси на Лесновската обител. Заедничка трпеза на љубовта беше организирана во рибникот близу манастирот „Св. Спиридон“ во Злетово.
Извор: Брегалничка епархија