Бдение во чест на свети Марија Магдалена во манастирот Симоно-Петра, Света Гора
- Денес, (4-ти август 2013), кога православната Црква го празнува споменот на една од жените мироносици и онаа која прва го виде Христа воскреснат, Марија Магдалена, во светогорскиот манастир Симоно - Петра се отслужи сеноќно бдение. Бдението траеше дванаесет часа, од 21 ч. до 8 наутро. На бдението присуствуваше, а и на Божествената Литургија чиноначалствуваше митрополитот на Тива, Георги. Покрај верници, имаше и многу гости- монаси од разни манастири на Света Гора.
Во овој манастир се наоѓа раката на света Марија Магдалена. Истата до денес има природна топлина како секоја жива рака.
Слава на Бога и на Пресвета Богородица, а по молитвите на жената мироносица, светата Марија Магдалена, Христос да не помилува!
Од манастирот Симоно-Петра, Света Гора
С. С . А