Скопје,20.07 2013 год.- храм на св. Петка
На 20-ти јули 2013 година, во третата недела по Педесетница, кога светата Црква молитвено го празнува споменот на светата великомаченичка Недела и преподобен Тома Малеи, во храмот на света Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од светата Литургија, во својата беседа, отецот го истолкува значењето на денешното празнување на света Недела.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 56)
Во она време, дојде Исус во татковината Своја и го поучуваше народот во синагогите нивни. И сите се чудеа и велеа „Од каде при Него ваква премудрост и сили? Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не се ли вика Марија, и браќата Негови - Јаков и Јосија, Симон и Јуда? И сестрите Негови не се ли сите меѓу нас? Од каде, пак, сето тоа при Него?“ И се соблазнија заради Него. А Исус им рече: „Нема пророк без чест, освен во земјата негова и во домот негов.“ И не изврши таму многу чудеса заради нивното неверување.
Преминпортал (к.т.)