Грузискиот Патријарх предложил
во школството да се воведе предмет„ Подготовка за семеен живот“
Грузискиот патријарх Илија II настапи со нова иницијатива – во школскиот систем да се воведе нов предмет што новите поколенија ќе ги едуцира за семејниот живот, соопшти „Благовест-инфо“.
Ова беше истакнато од патријархот за време на презентацијата на Фондот за демографска преродба. Тој го посочи демографскиот проблем во земјата и потенцира дека истиот може да се надмине:
„ Грузија може да ги надмине овие проблеми со содејство и соработка од сите. Првото на што би сакал да обрнам внимание е ниската семејна култура на однесување. Ние сме должни да дејствуваме кон решавањето на овој проблем, со тоа што во школството би вовеле предмет – „ Подготовка за семеен живот“.
За време на презентацијата фондот одржа и голем хуманитарен концерт со учество на грузиските пејачи. Собраните средства ќе бидат распределени на многудетните семејства.
Треба да се напомене дека фондот на Грузискиот Патријарх ја финансира програмата за интелектуално и духовно развивање кај младината. Младите луѓе од 18 до 25 годишна возраст имаат можност бесплатно да се образуваат во следниве области: Христијанска психологија, архитектура и историја на Стариот и Новиот Завет, христијанско искуство и символика, традиционална религија и професионални односи.
Извор: Православие ру
Преземено од : Бигорски манастир
30.06.2013