логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 01.jpg

 

 Задушница

9/22 јуни 2013 лето Господово

  • Зошто, возљубени, во овој саботен ден пред Педесетница така усрдно и молитвено се собираме во нашите свети храмови и при гробовите на нашите роднини и пријатели, на нашите ближни и најмили? Затоа што нѐ повикуваат тука заминатите при Христа отци наши, браќа и сестри, нѐ повикуваат на молитвено песнопение кон Воскресителот на мртвите за покој на нивните души и нѐ потсетуваат дека смртта е едниственото неизбежно собитие, што секој роден на земјата треба да го очекува. Нѐ поучуваат, исто така дека смртта е многу поблиску до нас, отколку што си помислуваме, дека таа не е само некој далечен миг од крајот на нашето постоење на земјата, туку и сегашна реалност која постојано се случува околу нас и внатре во нас. „Секој ден умирам“ - воскликнува апостол Павле (1. Кор. 14, 31). Но и покрај тоа што смртта ни е толку блиска, таа истовремено е многу неприродна за нас. Смртта не е божествена творба; Бог нѐ создал за вечно да живееме и се радуваме во Него. Гревот е тој што го лишил човекот од овој најголем благослов и наместо него, ја довел смртта. Поради тоа, исправени пред неа, ние чувствуваме немоќ, безутешност и тага.Но сепак, макар што смртта е трагична, таа истовремено е и голем благослов, израз на Божјото милосрдие и сострадание. За паднатиот човек нема поголемо проклетство од тоа вечно да живее овде, на земјата, во оваа долина на гревот и тагата. Затоа Бог ни подарил спасителен исход. Со смртта се раздвојува единството на телото и душата, за Бог повторно да ги соедини при телесното воскресение во Последниот Ден и така да ги пресоздаде во полнотата на животот во Неговото Царство.
  • 02.jpg
  • Живите и упокоените припаѓаат на едно единствено семејство. Ние кои сѐ уште сме во тело и оние што го оставиле телото свое, сите сме една Црква, еден организам во Христа. Па како што ние, живите, постојано се грижиме еден за друг, разговараме, си помагаме, се утешуваме, така и нашите упокоени непрестајно нѐ молат да си спомнуваме и за нив, да продолжиме да ги љубиме, да ги вознесуваме своите молитви за нив, да негуваме надеж во Христа за нив. Да служиме за нивен спомен четириесет литургии, да даваме милостина, да правиме помени, парастоси. Сето тоа навистина им помага на нашите починати. И не само што им помага, туку тоа станува наша комуникација со нив. Црквата е место за средба на сите верни во Христа, починати и живи, кои се сакаат еден со друг, се собираат околу чесната трпеза да ја искажат својата љубов кон Бога. И затоа Мајката Црква постојано нѐ повикува молитвено да си спомнуваме за нашите отци, браќа и сестри, кои го напуштиле овој свет, но издвоила и посебни денови, задушници, во кои особено ги проси нашите молитви за своите небесни членови. Еден од тие денови е и оваа света задушница пред Педесетница, во која, преку богослужението, измолуваме прошка од Бога за нашите покојници. Ние се молиме за нив, а во исто време сме уверени дека и тие се молат за нас. И преку тоа взаемно посредништво, ние се поврзуваме со нив, преку границите на смртта, во силен и неразрушлив сојуз на единство.И колку моќно, навистина, се почувствува тоа единство на вчерашната панихида во нашата обител, отслужена од возљубениот ни старец, архимандритот Партениј, кој со својот умилителен глас ги излеа смирувачките тонови на прекрасните молитвословија! А нивните зборови, толку добро познати, секогаш поттикнуваат силна желба да се стане дел од тој молитвен полет, кој достигнува зенит во заупокоената Литургија, кога срцето, проникнато од љубов и благодарност кон починатите, молитвено извикува кон Бога да им ги прости гревовите, волни и неволни, и да ги всели нивните души во населбите на праведниците. Амин!

  03.jpg

 04.jpg

 07.jpg

 08.jpg

 09.jpg

 10.jpg

 11.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная