2. Информација за посетата на Ректорската управа на Универзитетот во Питешти, Романија
- – На 11 јуни нашата делегација се сретна со Ректорската управа на Универзитетот во Питешти и имаше одделна средба со деканот на Богословскиот факултет. Во Ректоратот делегацијата ја прими: Ректорот проф. д-р Ионел Дидеа, кој што во чест на амбасадорот и делегацијата од Македонија беше го истакнал знамето на Факултетот над влезот на Факултетот. Него го придружуваа: Претседателот на сенатот на Универзитетот проф. д-р Николае Бринзеа, проректорот проф. д-р Михаел Брасласу и деанот на Богословскиот факултет, протоерејот проф. д-р Раду Тасковики.
Ректорот проф. д-р Дидеа, ни искажа срдечно добердојде, го претстави Универзитетот во Питешти и покрена неколку значајни прашања во контекст на соработката со двата Универзитети и за работата според Болоњскиот процес.
Н.Е. Амбасадорот д-р Панде Лазаревски, заблагодари за топлиот прием, ја претстави делегацијата, пренесе поздрави од Ректорот проф. д-р Велимир Стојковски и цело време учествуваше во дикусиите, а одговараше и на прашања од повисок интерес.
Деканот на Богословскиот факултет од Скопје, проф. д-р Ацо Гиревски, откако го претстави Факултетот ја отвори темата за имплеменатацијата на Теолошкиот факултет во рамките на нивниот Универзитет во Питешти.
По тоа прашање зборуваше Ректорот проф. д-р Дидеа, кој што ги разграничи ингеренциите: Имено, административно правните, законските и наставно-научните акредативни програми и прашања кои му припаѓаат на Универзитетот, додека, пак, Црквата ја имала надгледната функација во контролата на учењето и литургискиот дел од практикумот. Финансирањето било целосно покриено од страна на Министерството за образование и наука. Деталите гледано од страна на Богословскиот факултет подоцна ни беа дообјаснети на одделната средба од страна на деканот, протоерејот проф. д-р Раду Тасковики.
Во разговорите кои течеа многу срдечно и искрено, ректорот проф. д-р Дида истакна дека како претставник на Правниот факултет имало збратимување помеѓу Правниот факултет од Џенова, Питешти и Скопје и дека во иднина планираат вклучување и на теолошките факултети од овие универзитети. Убава вест која ни беше зададено да му ја пренесеме на ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски.
Посетата во ректоратот помина во срдечна атмосфера со заедничко фотографирање и желба за скорешна средба и потпишување на договор за соработка помеѓу Универзитетот на УКИМ и Универзитетот во Питешти.
Потоа во придружба на деканот на Богословскиот факултет во Питешти протоерејот проф. д-р Раду Тасковики, го посетивме одделот (катедрата) за реставрација и заштита на икони и слики и книговезницата. Таму ги затекнавме студентите како работат со своите стручни раководители – професори, ангажирани како надворешни соработници. Лабараториите за таа намена биле купени преку Универзитетиот, а биле добиени од МОН.
Заминавме во седиштето на Теолошкиот факултет, каде откако ја видовме многу старата дрвена капела ги продолживме разговорите со претседателот на Сенатот на Универзитетот проф. д-р Николае Бринзеа, деканот проф. д-р Раду Тасковики, проф. д-р Михаела Станчиулеску, проф. д-р Гарбеа Георге и уште други тројца професори. Разговорите течеа во духот на разговорите во Универзитетот, а беа прецизирани прашањата околу менанџирањето на деканот, патриципацијата на професорите во Сенатот, застапеноста на студентите во Сенатот и други прашања.
Делегацијата од Скопје заедно со Амбасадорот Н.Е. д-р Лазаревски беа примени во манастирот Флорика од г. Калиник, архиепископ на Арџеш и Мусчел, докажан пријател на Македонската православна црква, кој што во попладневните часови ни ги покажа: соборната црква во Куреа де Арџеш во изградба, женскиот манастир Намајести и машкиот манастир Негру Вода. Архиепископот г. Калиник не покани за богослужба за празникот Вознесение, но пред тоа веќе бевме поканети за служба од архиепископот на Томис во Констанца г. Теодосие.
Средбата со архиепископот г. Калиник помина со манастирска трпеза во многу срдечна и братска атмосфера.
Има продолжение
За Преминпортал : проф. д-р Ацо Гиревски, декан на Богословскиот факултет во Скопје
18.06.2013 год.