Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква по повод упокојувањето на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Полошко-кумановски Кирил, со почеток во 14:00 часот, во Македонската архиепископија, одржа вонредна седница.
На оваа седница беше утврден протоколот за текот на настаните поврзани со погребението на митрополитот Кирил.
- На 12 јуни 2013 г. (среда), одарот со телото на починатиот митрополит, од 08:30 – 10:00 часот, ќе биде изложено во храмот „Свети Никола” во Куманово, каде што Литургија со парастос ќе служи Неговото Преосвештенство викарниот епископ Лешочки г. Јосиф.
- На 13 јуни 2013 г. (четврток), одарот со телото на починатиот митрополит, од 08:30 – 10:00 часот, ќе биде изложено во храмот „Светите Кирил и Медодиј” во Тетово, каде што Литургија со парастос ќе служи Неговото Преосвештенство викарниот епископ Лешочки г. Јосиф.
- На Заупокоената Литургија, на 14 јуни 2013 г. (петок), со почеток во 09:00 часот во соборниот архиепископски храм „Свети Климент Охридски” - Скопје, ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите Повардарски г. Агатангел, Европски г. Пимен, Брегалнички г. Иларион и Епископот Лешочки г. Јосиф. Опелото ќе се изврши со почеток во 11:00 часот, на кое ќе присуствуваат сите архиереи и претставници на епархиите и институциите на Македонската православна црква.
Погребот на Митрополитот Кирил ќе биде во 13:00 часот, во манастирот „Свети Ѓорги” во с. Дељадровце.
Книгата на жалост ќе биде отворена секој ден, од 11 до 14 јуни 2013 г., од 09:00-19:00 часот во Македонската архиепископија, а денот на погребот - 14 јуни 2013 г. (петок), е ден на жалост во Македонската православна црква.
Вечен нека е споменот на блаженоупокоениот Митрополит Полошко-кумановски Кирил!
ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ
http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=5670
Друго:
45 години во МПЦ- Mитрополит Полошко-кумановски Г. Кирил