monahinja.paraklis.jpg

ХИГИЕНА НА ДУШАТА

Под хигиена се подразбира науката за телесното здравје или поточно речено: наука за тоа како да се предупреди болеста на телото. Хигиената на телото е само слика на хигиената на душата. Па доколку душата е поважна од телото, дотолку и хигиената на душата е поважна од хигиената на телото.

Во секоја телесна хигиена се истакнуваат три главни потреби, без кои телото не може да биде здраво. Тоа се:
светлината, воздухот, храната.
И во хигиената душевна три се главни потреби, без кои душата не може да биде здрава. Тоа се: Бог, молитвата, Словото Божјо.

Бог е за душата она што е светлината за телото.
Молитвата е за душата она што е воздухот за телото.
Словото Божјо за душата е она што е храната за телото.

Светлината на душата


Бог е светлината на душата. Колку што е душата повеќе изложена на таа светлина, тоа е поздрава, повесела, посилна. Бог е разумна светлина, која ги гледа сите твари и ги согледува сосема. Бог ги гледа и ги знае сите мисли човечки, сите желби, сите намери.

Бог гледа.
Кога човекот е свесен за тоа дека Бог гледа , тој тогаш се срами од лудите помисли, грешните желби, неправедните намери. Така, се појавува во човекот стравот Божји , кој што ја чисти душата.
Почеток на мудроста – стравот Господов.

Бог гледа.

Неговото гледање, појасно е и од Сонцето. Не може ништо да се сокрие од погледот Негов. Па и за што да се крие?
Да се крие од Бога значи – да се скапува.
Учителите на науката за телесното здравје ги советуваат луѓето болежливи што повеќе да се сончаат. За сончевата светлина што повеќе да продре во телото и да ги согори различните отрови во него.
Православната наука отсекогаш ги советува луѓето да ја отворат душата своја кон Бога, да ја разголат и да ја сончаат пред Бога и од Бога. Од Светлината Божја, согорува се` што е болно во душата, се` што е нечисто и грешно. (Повеќе)

 

 04 јуни, лето Гоподово 2013