-Чудесен е фактот колку храмови на Бога изградил македонскиот народ во многу потешки времиња од денешниот период. Сега ние живееме и твориме во слободна, демократска и независна Република Македонија и се бориме за нашиот благодет, нација, дом, верба, држава, за предците но и за нашите потомци. Ние сме минлива категорија, но треба да останеме во добро сеќавање и токму затоа ми е драго што се собравме за да дадеме поддршка за повторната изградба на црквата Св. Елена и Константин која била симбол на Скопје, а срушена во земјотресот, рече Груевски.
Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан истакна дека ова е благословена можност да дадеме жртва пред Бога и да покажеме дека го цениме своето да се запамети дека ние самите изградивме храм на нашиот воскреснат Бог кој не љуби и кон нашата Црква која пази на македонската оставина, на македонскиот идентитет.
(С.Р.)- Вечер