Сеноќно бдение со Божествена Литургија во Марков манастир
Во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“ во с. Маркова Сушица, ноќта петок кон сабота (31 мај – 1 јуни 2013 г.), кога во МПЦ ОА се прославува светиот свештеномаченик Патрикиј, епископ Бруски; со почеток во 22:00 ч. се одслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија предводена од јеромонахот Атанасиј Арсоски во сослужение на ѓаконот Ѓоко Бурмузоски. Православните христијански души се причестија со Светите Христови Тајни. Игуменијата Илијана со сестринството ги подкрепија заедничарите во Христа со чај и закуска.
Христос воскресе – Навистина воскресе !
Да ја откриеме вистината дека Жртвата на Крстот останува бесмислена ако не резултира во духовен препород. Зошто најголемата мистерија на Љубовната Христова Жртва е што човештвото и воопшто тварта повеќе не се исти како оние пред победата над смртта.Или како што пишува Митрополитот Јеротеј Влахос се случило „осветување на тварта и за обожување на човечката природа“ (види Преминпортал: Јеротеј Влахос: ГОСПОДОВИТЕ ПРАЗНИЦИ- ПРЕОБРАЖЕНИЕТО ХРИСТОВО http://preminportal.com.mk/content/view/10570/58/)
И уште помистериозно е што сега ни е достапна благодатта – да бидеме совршени како што е совршен нашиот Отец небесен (Матеј , 46) (Епископ Јосиф http://josif.mk/). Затоа да не ја пропуштаме шансата и да поитаме кон нашите духовни отци по квасецот за нашиот духовен раст, како би се изградиле себеси како вистински христијани.
Преминпортал: Ратислав Кардалев
01 јуни, лето Господово 2013