логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

 Почитувани гости,
Дами и господа,
Ваше преосвештенство,
Ректоре,

Денес сме собрани овде, за повторно да го одбележиме големото дело на двајцата сесловенски апостоли, учители и монаси. Собрани сме за да се потсетиме на историската и епохална мисија на солунските браќа, на св. Кирил и Методиј, големите просветители и копокровители на Европа.

Пред 1150 години, поводот за Моравската мисија на св. Кирил и Методиј било писмото на моравскиот кнез Ростислав до византискиот император Михаило III. Кнезот, настојувајќи да ја осамостои и зацврсти својата држава на која ѝ се заканувала опасност од туѓо свештенство, бил свесен дека на неговиот народ му е потребна богослужба, писменост и култура на народен јазик. Затоа побарал проповедници кои ќе го шират Христовото учење на словенски јазик.

Големиот учен Константин Филозоф или монахот Кирил и братот Методиј ја прифатиле оваа задача од императорот, но искушенијата биле навистина големи. Како тоа да се достигне, кога нема азбука на која би ги превелe најпотребните книги за богослужба? Решија како основа да го земат говорот на Словените од својата околина. Затоа, некаде, 855 година ја создаваат првата словенска азбука, глаголицата која содржи 38 букви. Во глаголицата 24 букви биле по образец на грчката азбука, а другите 14 според гласовниот систем на словенскиот јазик.

Во 863 година, учените браќа пристигнале во Моравија, заедно со своите ученици, меѓу кои и св. Климент Охридски и св. Наум Охридски. Таму отвориле голем број училишта и цркви во кои се ширела просветата на словенски јазик, а биле просветлени и посветени голем број нови учители. Латиногерманското свештенство почнало да ги обвинува за ширење ерес, па затоа Папата ги повикал во неговиот двор во Рим. На пат за Рим, Константин, Методиј и нивните ученици се задржале во Панонија каде ги поставиле темелите на словенската писменост и во оваа земја.

Историјата вели дека пред да пристигнат во Рим, кратко се задржале во Венеција каде Константин, кој бил познат како добар филозоф и оратор, ја оспорил догмата за тријазичниците односно догмата на оние коишто се застапувале за ширење на Христовото учење само на грчки, еврејски и латински јазик.

Освен неколкуте преживеани цитати, не знаеме што сè Константин Филозоф рекол во одбраната на правото на секој народ да зборува на сопствениот јазик. Но, можеме да претпоставиме дека, меѓу другото, се инспирирал и од она што во Делата на апостолите е запишано за одбележувањето на празникот Педесетница во Ерусалим. Како, на Педесетница, секој странец ги слушал апостолите како проповедаат на неговиот сопствен, мајчин јазик. Како придојдените странци во Ерусалим за празникот можеле да ги чујат апостолите како зборуваат за големите дела Божји на нивните јазици.
Не постои појасна и погласна порака од оваа за вредноста на секој еден јазик во очите на Бога. Ова, секако, би ги занемело тријазичниците. Константин успешно ги разбил обвинувањата за ерес, велејќи дека секој народ има право на свој јазик, верувајќи во Христа.

Во Рим во 869 година папата Адријан, го прифатил нивното образложение. Ги осветил словенските книги, што значи дека Римската црква официјално ја признала словенската писменост. Тоа бил историски пресврт во европската култура и цивилизација, бидејќи едновремено се признале и различноста и правото на народите на сопствена култура и идентитет. Набргу по официјалното признание, Кирил се разболел и починал. Базиликата Сан Клементе во Рим, во која се погребани моштите на св. Кирил, и ден-денес е сведоштво за почитта што на светците им ја одаваат словенските народи, европските народи и македонскиот народ.

По смртта на св. Кирил, неговиот брат Методиј ја продолжил започнатата мисија, но бил постојано напаѓан и клеветен од германското свештенство и исцрпен од борбите со нив, од затворите и прогонствата, се упокоил во 885 година.

Па сепак, единаесет века подоцна, едно големо признание за нивното дело дојде на 31 декември 1980 година, кога светиот отец, папата Јован Павле II во своето апостолско послание EGRIGAE VIRTULIS ги прогласи за копокровители и патрони на Европа.

Не можеме, а да не направиме паралела меѓу Константин Филозоф и еден од стожерите на раната црква – апостолот Павле. Иако меѓу нив се осум века, тие се граѓани на истото царство – Римското односно Ромејското. Двајцата се високо едуцирани. Двајцата се полиглоти. Двајцата се апостоли. Еден на првата црква, а друг на словенството. Но, покрај овие сличности, има уште една суштинска врска што ги поврзува – желбата да им овозможат на народите да го спознаат Христовото учење на нивните сопствени јазици.

Нашиот и сите други народи кои денес ги уживаат придобивките од нивната цивилизаторска мисија, со гордост и почит се сеќаваме на нивното дело. Секоја генерација се надградува на знаењата, чувствата и правата на луѓето, оставени во наследство од претходните генерации. Така и славните ученици св. Климент и св. Наум, стоејќи на рамената на нивните учители – великани, можеа да видат подалеку од другите, и да ни ги пренесат и нам, на Македонците, тие чувства и свест.

Уважени,

Како што велат старите ракописи, јазикот на кој тогаш св. Кирил и Методиј ја превеле Библијата е основата на словенските јазици. Во овој период, периодот на превод на Библијата, се разбира, нивната мисија и исход немаат етнички и национален предзнак. Тие имаат цивилизаторска улога. Затоа не можеме низ денешна етничка односно национална призма да ги анализираме настаните и цивилизаторската мисија од пред 12 века.
Она што го направија светите браќа е еден од првите примери на инкултурација, односно интеркултурно пренесување. Тие пренесоа знаење, не ја наметнуваа својата култура на други народи. Колонијализмот наметнува култура и не води сметка за културата на другите народи. Во денешниот свет на демократијата и човекови права, инкултурацијата е особено актуелна. Идеите за демократија и човекови права се универзални, но нивната реализација е секогаш одредена од културата на секој народ.

Денес, токму од овој собир, сакаме да испратиме една многу важна, цивилизаторска порака. Порака – повик за почитување на човековите права. Повик за почитување на слободата и достоинството на секој народ. Повик за почитување на правото на сопствен идентитет. Почитување на неговиот јазик, писменост и култура. Почитување на името што го означува неговиот идентитет.

Минале векови кога на нашите простори јазиците, во различни империи се почитувале, негувале и развивале, без разлика дали биле пишувани на глаголица, кирилица, латиница или со грчката азбука.

За денешни услови, несфатливо е на просторот од каде е земена основата за сите словенски јазици, да не се дозволува употребата на јазиците кои произлегуваат од таа основа. Да не се дозволува да се учат како мајчини јазици.

Впрочем, на најавторитетен начин тоа го утврдува и извештајот на специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации за човекови права, г-ѓата Геј Мек Дугал, објавен во 2009 година. Дозволете ми да цитирам еден извадок:

„Последователни влади имаат опстојувано на политиката на негирање на македонската заедница и на македонскиот јазик... Одговорот на поранешните грчки влади беше да се потисне секаква употреба на македонскиот јазик и на културните активности. Во поново време жестоките тактики имаат престанато, но оние кои се идентификуваат како етнички Македонци сè уште известуваат за дискриминација и заплашување. Тие сметаат дека од круцијална важност за нивното континуирано постоење е да постои почит за нивниот етнички идентитет и различност. Македонскиот јазик не е признаен, не се изучува и на него не се предава во училиштата."

Почитувани присутни,

Ве повикувам уште еднаш да се присетиме на зборовите на големиот учен, Константин Филозоф, еден од великаните – лингвисти, теолози и просветени луѓе на своето време, св. Кирил:

„Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи и племиња сакате да бидат слепи и глуви? Дали Господ го сметате толку бессилен тоа да не може да го даде, или пак е завидлив, па тоа да не го сака?"

Заради тоа што сите луѓе се еднакви пред Бога, јазикот на кој луѓето се молат на Бога му е еднакво мил. И нашиот јазик и нашата света апостолска црква постоела и ќе постои. Ќе постои и ќе се развива без оглед дали одредени тесни кругови, кои имаат светоглед исполнет со омраза и страв од различноста, во некои држави ја признаваат таа реалност или не.

Дами и господа,

И по 1150 години овие зборови предупредуваат и насочуваат. Нè учат и нè инспирираат.

Македонија го чува и го негува делото на светите браќа. Од средновековните фрески, преку храмовите посветени на нив, до името на нашиот најстар универзитет. Македонија ја слави нивната цивилизаторска мисија со слобода, со права и со достоинство и чест за секој свој граѓанин. Таа порака, ве повикувам, да ја понесете со себе, во вашите пријателски земји, блиски и далечни.

Нека е за многу години овој празник.

Ви благодарам.

 

Извор:

http://www.president.gov.mk/mk/2011-06-17-09-55-07/2011-07-19-10-40-39/2128-ukimobrakjanje.html

 

22.05.2013 год.

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

« »

Православен календар

 

15/01/2025 - среда

Свети Силвестер, eпископ Римски; Преподобен Серафим Саровски; Света Теодота; Преподобен Амон; Претпразненство на Богојавление;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 2 јануари /15 јануари 2025

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 2 јануари /15 јануари 2025

Од младоста Христа си го засакал, Блажен,    на Него Единствениот огнено си сакал да Му служиш.   Си се...

Тропар на Обрезание Господово  1 јануари / 14 јануари 2025

Тропар на Обрезание Господово 1 јануари / 14 јануари 2025

 Ти Кој седиш на огнозрачен   Престол  на висините,    со Твојот Беспочетен Отец      и со Божествениот Дух,  си благоволил     ...

Тропар на светиот Христов сиротохранител Зотик 31 декември / 13 јануари   2025

Тропар на светиот Христов сиротохранител Зотик 31 декември / 13 јануари 2025

О, блажен си ти Зотик,тврдино на верата, уподобен на милосрдието,од Христа се поучи во човекољубието,болните, губавите и отфрлените, тебе во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная