Премин Портал

Кожувчанка


24 април/7мај 2013 лето Господово, трет ден Пасха

 00.jpg


„Како пролет ни засветли – светлото Господово и божествено Воскресение, од земната кон небесната Пасха приведувајќи нѐ. Со неа, пак, ни сјае светлозарниот спомен на сеславниот маченик Георгиј, што светло го извршуваме, за да се удостоиме за божествената благодат од Спасителот Христа“. (Светилен на св. вмч. Георгиј)

01.jpg
Прекрасната Струга, градот на мостовите и поезијата, има навистина многу убави нешта со кои може да се гордее, а едно од најубавите е, секако, Еордијата во чест на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, заштитникот на овој град, што пред неколку години беше масовно возобновена со благослов на митрополитот Тимотеј, а со ентузијазмот на нашиот старец, архимандритот Партениј, и ѓаконот Васко Голабоски, кои целосно се погрижија за организацијата на ова торжество. Еве веќе четири години како одново воскресна оваа убава духовна традиција, на радост на нашите две обители и големото мнозинство верници. И не само што воскресна, туку и уште повеќе се збогати, зашто покрај познатата струшка чудотворна икона на св. Георгиј, литијата се украси и облагодати со присуството на чесните мошти на светиот Великомаченик од манастирот во Рајчица. И навистина величествено е да се види како стружани и многубројните гости што на овој ден доаѓаат да се придружат на нивното славење, во свечена поворка со иконата и моштите на св. Георгиј, положени во раскошно украсен цветен балдахин, проследена со моќните звуци на воскресниот тропар и кондакот на Пресвета Богородица, со развеани знамиња и распеани гласови на псалтите, радосно се движат низ улиците на овој древен и живописен град, носејќи го насекаде благословот на св. Георгиј. И секаде достоинствено е пречекувана со радосни восклици, дожд од цвеќиња и весело мавтање со знаменца, зашто и најмалите усрдно и со задоволство учествуваат во оваа торжествена прослава.
А годинава браќата и сестрите, заедно со својот старец, покрај моштите и својата неизмерна љубов во Христа, со стружани ја споделија и големата пасхална радост. Затоа сестрите од Рајчица ревносно се потрудија и цветниот балдахин да го носи на себе пасхалниот печат, па неговото цветно белило сјаеше среде литијата, привлекувајќи ги погледите на сите и будејќи восхит. Тоа го направи овој благодатен настан уште поторжествен. Блескаа од радост нашите гостољубиви домаќини, пресреќни што во светлината на Христовото Воскресение имаа можност уште повеќе да се зарадуваат со преизобилната благодат и благоухание што се излеваше од моштите. А и ние не можевме да ја сокриеме својата радост што со секоја година литијата е сѐ поголема, годинава храмот на св. Георгиј каде што се отслужи Вечерната богослужба беше преполн со верници, дури се чинеше дека цела Струга е на улица, и покрај врнежливото време. Напротив дождот како да ја зголемуваше радоста и низ дождовните капки испраќаше од небото благослов за присутните на Еордијата, кои до крај ја покажаа својата силна вера и почит кон светиот Великомаченик и не си заминаа. Благословот го стекнаа и сите оние кои годинава со цело срце активно се вклучија во подготовките и финансиски ја помогнаа организацијата, а тие не беа малку на број - тука беше целата младина на Струга, бројни фирми и благочестиви деловни лица од градот. И не можеме а да не ги спомнеме озарените лица на четворицата видни граѓани на Струга, Ристе Гоџоски, Лазо Липоски, Наумче Мојсовски и Антоние Чуркоски, кои оваа година се удостоија да го носат балдахинот со моштите. Нешто подоцна, на желба на самите носачи, г. Јохан Тарчуловски, кој со љубов кон свети Георгиј, допатува во Струга да земе учество во Еордијата, беше почестен да ги понесе неговите свети мошти.
Сите го чувствувавме благодатното и радосно присуство на светиот Великомаченик. Ти благодариме највозљубен наш Господи што толку обилно го излеа над нас Својот благослов, по молитвите на Твојот верен воин, Победоносецот Георгиј. Нека неговата благодат и молитвена заштита постојано го покрива и укрепува градот Струга, нашите два манастира и целата наша татковина. Амин!

 02.jpg

 03.jpg

 04.jpg

  05.jpg

 06.jpg

 07.jpg

 08.jpg

 09.jpg

 10.jpg

 09.jpg

 10.jpg

 11.jpg

 12.jpg

 13.jpg

 14.jpg

 15.jpg

 16.jpg

 22.jpg

 23.jpg

 18.jpg

 19.jpg

 25.jpg

 26.jpg

 27.jpg

Извор: Бигорски манстир

 

 

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

Најнови вести

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов  5 ноември/23 октомври  2026

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 5 ноември/23 октомври 2026

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше...

 Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври  2026

Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври 2026

Бoг му гo пoкажал мeстoтo кадe ќe сe пoдвизува. Тoа мeстo билo eдна пoлјанка крај рeката Пчиња. Oвдe св. Прoхoр...

Тропар на светиот Апостол Лука 31 октомври/ 18 октомври  2026

Тропар на светиот Апостол Лука 31 октомври/ 18 октомври 2026

  На молба на христијаните го напиша Евангелието, околу 60 година. После мачениката смрт на Св. апостол Павле Свети Лука го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная