Поминувајќи од еден празник до друг, од палми и гранчиња, да поитаме,
верни, кон возвишеното и спасоносно прославување на Христовото страдање. Да ги
гледаме Неговите доброволни страдања, кои заради нас ги претрпе и со
благодарност да Му запееме достојна песна: Извору на милосрдието и прибежиште на
спасението, Господи, слава Ти!
Вечерна на Цветници
Господ оди на доброволно страдање. И ние треба да одиме со
Него. Тоа е долг на секој кој исповеда дека преку Христовото страдање станал она
што е и дека ќе добие нешто толку големо и славно, што не може на човека ни на
памет да му дојде. Како, пак, да одиме со Него? Со размислување, со сочувство.
Оди со мислата по трагата на Господа Кој страда и со размислување од сè
извлекувај претстави кои ќе го допрат твоето срце и ќе го воведат во чувствување
на страдањата поднесени од Господа. За тоа да биде успешно, потребно е сами да
почнеме да страдаме преку чувственото намалување на јадењето и сонот и преку
зголемувањето на трудот со стоење на молитва и правење поклони. Исполни сè што
прави светата Црква и ќе Му бидеш на Господа добар сопатник на патот на
страдањата.
Свети Теофан Затворник