„Сагласно одлуци Светог Архијерејског Сабора (за која одлука станува збор не знаат ни самите епископи на СПЦ) и у име (?) Светог Архијерејског Синода СП Цркве Архиепископ (?) цетињски и Митрополит црногорско-приморски (итн...) Г. Амфилохије (точно, барем за 0,5% од тоа што му опфаќа титулата), Архиепископ охридски (?) и Митрополит скопски (?) Г. (?) Јован и Бискуп бачки монсињор (поточен превод на титулата) Иринеј, посетили су у 5. и 6. фебруара ове године Цариградску Патријаршију и Свесвјатејшег Патријарха константинопољског и васељенског (?) Г. Вартоломеја.
Том приликом, делегација Српске Православне Цркве (точно, сето тоа е само делегација на СПЦ) званично је уручила Његовом Свесвјатијешеству Томос (?) Светог Архијерејског Сабора Српске Православне Цркве о додељивању аутономије (?) Православној Охридској Архиепископији (?).“
А шта прећуткује ‘ревносна’ информативна служба шаљивчине Иринеја?
Патријарх се толико одушевио, том приликом, да је оберучке пригрлио ‘томос’ и целивао га тачно тамо где пише Република Македонија. После одласка српског циркуса, Патријарх је ставио ‘томос’ ad acta у архиви свог тоалета да сачека ‘пуноћу времена’.
Боже ми прости, но не е можно човек да биде сериозен со овие луѓе, што прават вакви смешки, на тие години, со тие бели бради!? Можеа овој пат да стават и црвени полутопчиња на носовите за промена, соодветно на својот шегобиен настап.
И што ако и сто пати го однесат тоа ливче во Цариград?! Ништо! Не се привлекуваат луѓе со хартија за WC, туку со Светиот Дух! И дали воопшто пишувало на хартивчето - Република Македонија? Дали Патријархот Вартоломеј воопшто може да прими хартивче на кое го пишува тоа име, а камо ли да одговори нешто? И дај Боже да пишува Р. Македонија и да прими!
А, што и да потврди Цариградскиот, тоа нема да биде прифатено од Рускиот Патријарх, кој веќе кажа што е решение на проблемот! Рускиот Патријарх Алексиј Втори јавно и јасно го изрази неколку пати својот став дека, СОЗДАВАЊЕТО НА ПАРАЛЕЛНА ЦРКВА НЕ Е РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ ВО НАШИОВ СЛУЧАЈ, ТУКУ РЕШЕНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ИЗНАЈДЕ ПРЕКУ ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ СРПСКАТА И МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ВО РАМКИТЕ НА ПОЧИТУВАЊЕТО НА СВЕТИТЕ КАНОНИ И НА ПРЕДАНИЕТО НА ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА. И на крај, она што нема да го потврди Рускиот Патријарх, тоа ништо не важи во Православната Црква!
Затоа:
Ниту еден човек од МПЦ нема да премине кај Вранишковски!
Но затоа:
Колку пати ќе се обиде СПЦ туѓи територии да присвојува, толку свои ќе губи!
Колку пати ќе се обиде СПЦ туѓ народ да присвојува, толку свој ќе губи!
И колку пати ќе се обиде СПЦ раскол да направи кај нас, толку кај себе ќе го најде!
Ова е веќе жалосно, колку пати до сега е видено и потврдено, и колку е точно...
Извор :Пратено од Никола, на 08-02-2008 03:42