На 17. 03. 2013 година – Прочка (Недела сиропусна; препод. Герасим Јорд; препод. Јаков Посник) во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа пригодно слово. Истиот ден, во истиот храм, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи вечерна богослужба, по што се изврши традиционалното проштевање и верниците побараа и добија прошка од својот Пастироначалник и од свештенослужителите.
Повеќе: