Скопје, 01 март 2013 год.- храм на св. Петка
На 1-ви март 2013 година, во неделата на митарот и фарисејот , кога
светата Црква молитвено го празнува споменот на светите Дванаесет маченици
што пострадаа во времето на Диоклецијан, свети Марут, во
храмот на света Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести
со Светите Христови Тајни.
Старец Ефрем Филотејски
Во животот на духовниот човек постојат денови и периоди кога тој во себе чувствува празнина, слабост на душата. Нешто недостасува и тој чувствува дека внатре во себе нешто напуштил, а не знае како да си дојде на себеси, како да ги поврати почетната сила и благодат што ги поседувала душата. Не знае како да си ја поврати полнотата што ја изгубил. Во таков случај, Светите отци нè учат: “Обнови ја молитвата; почни да се молиш одново - со усните, со умот, или со срцето - и ќе ти се врати онаа изгубена полнота. Човекот повторно ја наоѓа, доволно е само да се присили на молитва.“
Преминпортал (к.т)
1-ви мар, лето Господово 2013