Скопје, 22 февруари 2013 год.- храм на св. Петка
На 22-ри февруари 2013 година, во 37-та недела по Педесетница, кога светата Црква молитвено го празнува споменот на Светиот маченик Никифор и Светиот свештеномаченик Петар Дамаскин , во храмот на света Петка, во Скопје, свештеникот Владимир Белчовски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Мислам дека е многу тешко после сета жртва што Христос ја направи за нас, да завршиме во пеколот и повторно да Го растажиме. Затоа, она што ќе нè задржи од гревот за да не отидеме во пеколот, подобро би било да не е огнот од пеколот кој нè ужаснува, туку големата усрдност и огнената љубов спрема нашиот Доброчинител Христос. Накратко, од љубов не би требало да одиме во пеколот, за да не Го ожалостиме Христа. Значи, брате мој, ќе треба да внимаваме никогаш да не се разделиме од Христа, и да имаме редовен допир со Него преку молитвата. А добро е пак, на молитвата да ѝ претходи вниманието, за да не се случи како што вели пророкот Давид: “…и молитвата негова да се прими за грев.” (Пс.108, 7) -Старец Паисиј Светогорец
Преминпортал (к.т)
22-ри февруари, лето Господово 2013