Скопје, 15.02.2013 год. - храм на св. Петар и Павле
„Многусветлата Палата и пречесна Скинија, и свет и простран Храм, која во храмот го воведува Господа, Го дава на светата Црква како ветување, и се моли постојано да бидат избавени од распадливост и неволи оние што навистина ја слават Богордица непрестајно.“
Радувај се благодатна Богородице Дево, зашто од тебе засветли Сонцето на правдата - Христос нашиот Бог, Кој ги просветлува оние што се во темнина. Весели се и ти, старче праведни, кој Го прими во прегратките Ослободителот на душите наши, Кој ни дарува воскресение.
Тропар на Сретение Господово.
На 15 февруари 2013 година, во триесет и шетата недела по Педесетница на празникот на Сретение Господово, во храмот на св.Петар и Павле, во Скопје, Епископот Велички г. Јосиф, во сослужение на свештенството од храмот, чиноначајствуваше со Божествената Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
БЕСЕДА
Преминпортал (к.т)
15-ти февруари, лето Господово 2013