за секој час во текот на денот и ноќта
11 час
Ти знаеш, Владетелке, дека во мене нема надеж за спасение, бидејќи добороволно ги уништив своите душа и тело, од рана младост станав некорисен сосад; во сé јас бедниот му следував на Велијар; и во помислите, и во постапките свои; и тој се досега ми ја притиска вољата, секојдневно ми плете замки....
Стекнав навика на грев, и само од време на време ми доаѓа на мисла да се оттргнам....Од се срце давам страшна заклетва на Синот Твој и Бог, извикувајќи: Прости ми ги Господи, гревовите мои! Отсега ќе престанам да грешам пред Тебе!
Голема е долотрпеливоста Твоја, Христе Животодавецу!
О, Владетелке, како ли само трпи Синот Твој, гледајќи ги моите постојани клетворушења и лага, на кои им нема мера во мене беднинот! Колку во мене има неплашење, каква немарност! Само што ќе го дадам ветувањето, веќе веднаш се одрекувам од него; кон поголем и поголем грев тежнеам, и никако да дојдам на себе.... Поради тоа, помогни ми, Пречиста Владетелке, не допуштај да станам посед на лукавиот. Направи ме слуга на Синот Твој и достоен сосад на Сесветиот Дух! Спаси ме, Севоспеана, како што Ти самата сакаш и знаеш. Дај ми само да Те прославам Тебе, и со сета душа и од сето срце да Ти воскликнам: Радувај се, миру и радост на луѓето! Радувај се рају на насладата! Радувај се, дрво на животот! Радувај се, тврдино на верните, пристан на злопатниците! Радувај се, повторно повикување на Адама! Радувај се, искупување на Ева! Радувај се извору на благодатта и бесмртието! Радувај се , запечатен сосаду на Светитот Дух! Радувај се, најбожествен храму! Радувај се, престолу Господов! Радувај се, Беспрекорна, Ти си ја смачкала главата на змијата! Радувај се, прибежиште на измачените од работа! Радувај се, откупу од клетвата! Радувај се, затаоа што во Родениот од Тебе си јавила радост на светот!
Радувај се, Мајко на Христа, Синот на Живиот Бог, Кому Му доликува слава, чест и поклонување, сега , секогаш и во сите векови! Амин.
Повеќе:
http://preminportal.com.mk/content/view/1627/94/