Премин Портал

Кожувчанка


sv.Maksim.Ispovednik.jpg

Пред сe ќе поставам критериуми по кои душата ќе може да биде сфатена. Потоа, низ што се покажува нејзиното постоење. Потоа, дали таа има своја одредена суштина, или нејзината суштина е неодредена. Потоа следи, дали е (душата) проста или сложена. Потоа, дали е смртна или бесмртна. И накрај, дали таа е разумна или неразумна. Сите овие прашања, во повеќе случаеви, се поставуваат во разговор за душата, бидејќи тоа се најглавните прашања кои може да го окарактеризираат нејзиното својство. Како докази за утврдување на она што го истражуваме ќе ги користиме општите поими, со кои јасно ќе биде потврдено она што го имаме во рацете. А заради краткоста и заради користа ќе се држиме само до оние расудувања кои се неопходни за предметот на истражувањето кој сега ќе биде докажан. За да биде јасно и лесно сфаќањето, ќе воведеме и извесна подготвеност за соочување со спротивни аргументи. Значи, да го започнеме словото.
 Што е критериум за сфаќање на душата?
Се што постои се спознава со сетилата, или се поима со умот. И она што потпаѓа под областа на сетилата, ја има за доволен доказ самата чувственост, зашто заедно со воочувањето во нас се создава и претстава за дадениот предмет. Но она што се поима со умот не се спознава само по себе, туку врз основа на спротивното (она што се спознава духовно, не може да биде спознаено само по себе, туку врз основа на надворешните “сетилни” пројави, кои потпаѓаат под областа на нештата кои се спознаваат со сетилата; духовно, значи, се спознава врз основа на она што му е спротивно, односно врз основа на сетилата).Така и душата, бидејќи е непозната, не се спознава сама по себе, туку токму од своите пројави.
Постои ли душа?
Нашето тело е подвижно - или се придвижува од надвор или одвнатре. А дека не се придвижува однадвор јасно е по тоа што не се придвижува на начин како некој да го турка или влече, како на пример, што се придвижуваат бездушните предмети. Одвнатре, пак, придвижено, не се движи на природен начин, како на пример, огнот. Зашто огнот не престанува да се движи с# додека не престане да биде оган, како што телото, станувајќи мртво, не се движи, но останува телот. Значи, ако телото се прдвижува однадвор, како што се помрднуваат бездушните предмети, нити природно како, на пример, огнот, тогаш очигледно го придвижува душата, која и живот му дава. Ако, значи, се покажува дека душата му дава живот на нашето тело, тогаш јасно е дека сама по себе душата се спознава врз основа на она што & е спротивно (односно, врз основа на телото).
Дали душата е суштина?
Дека таа е суштина се покажува од следното: најпрво, природно, треба да биде кажано што е дефиниција за суштина, бидејќи таа е суштина. Потоа, каква е таа суштина бидејќи е една и иста по број, но способна е да прима состојби спротивни една на друга.
По с# јасно е дека душата прима спротивни состојби иако не отстапува од својата природа. Во неа може да се видат праведност и неправедност, храброст и плашливост, целомудреност и невоздржаност, состојби кои се спротивни една на друга. Ако, значи, својството на суштината се изразува во способноста за примање состојби кои се спротивни една на друга, тогаш јасно е дека и за душата важи иста таква дефиниција. Значи, душата е суштина. Потоа, ако телото е суштество, тогаш неопходно е и душата да е суштество. Бидејќи не може она што се оживува да има суштина, а она што го оживува да нема суштина. Зарем може да се каже дека она што е ништо и нема своја суштина ќе биде причина за она што има своја суштина? Или, повторно, ако нешто има живот во друг, и без тој друг не може да постои, тогаш кој безумник ќе каже дека тоа нешто е причина на тој другиот од кого го има животот?
Дали душата е бестелесна?

 

Повеќе

 

 

Друго:

Blagodatniotogan.doma.jpg

 


 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

Најнови вести

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена...

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов  5 ноември/23 октомври  2026

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 5 ноември/23 октомври 2026

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше...

 Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври  2026

Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври 2026

Бoг му гo пoкажал мeстoтo кадe ќe сe пoдвизува. Тoа мeстo билo eдна пoлјанка крај рeката Пчиња. Oвдe св. Прoхoр...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная