Скопје, 24 -ти јануари, лето Господово 2013 год. - храмот на свети пророк Илија
Голема молитва - благослов од Бога за својата рожба.
Молитва за мајката
Господи Боже наш, кој си дошол за спасение на човечкиот род, дојди и на твојата рабина (името) и преку Твоето чесно свештенство удостој ја да влезе во храмот на Твојата слава, измиј ја нејзината телесна и духовна нечистотија со навршувањето на четриесетте дни и направи ја достојна да се причести со Твоето чесно Тело и Крв.
Возглас;
Зашто се освети и прослави Твоето пречесно и и великолепно име на Оца и Сина и Светиот Дух, сега секогаш и во вечни векови. Амин
Молитва за детето
Свештеникот го благословува детето и вели:
Да се помолиме на Господ.
Господи, помилуј.
Господе Исусе Христе Боже наш кој во четриесеттиот ден како Младенец си бил донесен во старозаветниот храм од Марија, Твојата света мајка која не искусила брак, и си бил носен во прегратките на праведниот Симеон, сам Ти Владико сесилен, благослови го ова детенце.
Преминпортал (к.т.)
Лето Господово 2013