На 18-ти јануари 2013 година, во неделата на Св. Богоотци, кога Црквата молитвено го празнува споменот на светиот свештеномаченик Теопемт и маченикот Теона и ден пред големиот христијански празник Богојавление , на празникот Водокрст, Епископот Велички г. Јосиф во сослужение на свештенството од храмот на света Петка , отслужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата Епископот Велички г. Јосиф изврши чинот наголемиот Богојавленски водосвет.
Преминпортал (к.т.)
18 јануари лето Господово 2013