Оние пак, што ја оправдуваат својата злоба со божемно поправање на другите, а не на самите себеси, или со тоа што на светот му ги објавуваат црковните состојби и нешта, што не е во ред да ги обзнануваат, барајќи оправдување во она “Кажи ѝ на Црквата” (Мт. 17, 18) најпрво нека си ја уредат својата мала Црква - своето семејство или братство. Тогаш нека ја срамотат и Мајката Црква. Добрите деца никогаш не ја обвинуваат својата мајка. За жал, многумина од оние што се плиткоумни им даваат неисцрпен воен материјал на еретиците, така што цели православни градови и села ги заземаат јеховините сведоци и го шират своето мисионерско дело. - Старец Паисиј Светогорец