надежта своја во Тебе не ја полагаат!
Дај ми, Господи, солзи, за оние кои од Твојата љубов допрени,
достојно не Ти возвраќаат!
Дај ми, Господи, солзи, за оние кои за Тебе насушна потреба имаат,
но да Те вкусат не сакаат!
Дај ми, Господи, солзи, за оние кои чедата Божји ги презираат,
но себе страданија си создаваат!
Дај ми, Господи, солзи, за оние кои пастири Христови се нарекуваат,
но службата света ја сквернават!
Дај ми, Господи, солзи, за сите и за сé,
зашто тие се јас!
во молитва да ги сторам!
Но пред сé, дај ми Господи солзи за себе, зашто никој и ништо сум,
а сепак многу побарав од Тебе!
…Дај ми, Господи… смилувај се на мене…
Никој и ништо…
Прземено од Маран Ата
14 јануари лето Господово 2013