„Слушнавме дека Грчката Црква ја одбила делегацијата на МПЦ да присуствува на погребот на грчкиот Архиепископ Христодул. Со ваквата постапка некои поединци од високите структури во Грчката Православна Црква, што моментално се во состојба да одлучуваат, сами себе се погребаа како православни христијани, уште пред да го погребат својот Архиепископ. Нивната постапка не е ништо друго освен духовно самоубистви.Архиепископот Христодул повеќепати во изминатите години примал делегации од МПЦ, од што се заклучува дека со ваквото однесување, гореспомнатите структури, само покажуваат дека не го почитувале својот Архиепископот и додека уште бил жив. Ништо чудно... Прашањето е до каде ќе стигнеме сите ние вака? Тие луѓе манифестираа не само нехристијанско туку и нечовечко однесување кое е ѕвоно на узбуна за сите луѓе, а камоли за православните христијани. Бог да ги прости! “
Извор:. Пратено од Андреа, на 30-01-2008 16:28
Скопје, 30 јануари (МИА) - Претставници на Македонската православна црква нема да присуствуваат на утрешниот погреб на грчкиот архиепископ Христодулос бидејќи тоа не го дозволува Синодот на Грчката православна црква со образложение дека македонската црка не била канонски призната.
Канцеларијата за врски на Република Македонија во Атина доби известување од Секретаријатот на Светиот синод на ГПЦ дека не прифаќаат делегација на МПЦ да присуствува на погребот бидејќи не била канонски призната, потврди за МИА портпаролот на македонското МНР Васко Андоновски.
МНР изразува жачење и зачуденост од таквата постпка на ГПЦ, особено ако се има предвид дека во грчките медиуми беше објавено сочувството од МПЦ за смртта на архиепископот Христодулос.
Таквиот став говори дека некои кругови во Грција се уште не можат да се отгрнат од веќе депласираните негаторски ставови кон македонската држава и да ја прифатат реалниста како што е, вели портпаролот Андоновски.јв/са/17:01
Посети:{moshits}