09.01.2013
Скопје, 9 јануари 2013 (МИА) - По повод празнувањето на Свети Стефан и трет ден Божик, поглаварот на Македонската православна црква г.г Стефан денеска приредува традиционален божикен ручек за државниот врв.
На божикната трпеза ќе присуствуваат претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски.
Покрај архиепископот г.г Стефан, на божикниот ручек ќе бидат и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ.
Божикниот ручек се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан.гв/са/8:29