Тропар, глас 6.
Христе, разумно Сонце на правдата, ти си засветлил од Дева, и звезда Те покажа сместен во пештера, Тебе - Несместливиот. Мудреците си ги упатил да Ти се поклонат; со нив и ние Те величаме, Животворче, слава Ти.
Во триесет и втората неделе по Педесетница, на празникот на Рождеството Христово, Неговото преосвештенство Епископот Велички г. Јосиф отслужи света Василиева Литургија во црквата на св. Јован Крстител, во скопската населба Капиштец. Многубрoјниот присутен верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Христос се роди!
По Литургијата
Преминпортал (к.т)
Лето Господово 2013