Од интернет страницата на Св.Синод на Грчката црква дознаваме, дека опелото на вчера починатиот архиепископ на Атина и цела Грција Христодул, ќе се изврши на 31 јануари, четврток, во 10 часот, во катедралниот храм на грчката престолнина. Погребението ќе се спроведе веднаш потоа, во Првото атинско гробиште (алеата на великаните).
Светиот Синод ги повикува сите христијани, кои имаат желба да донесат венец пред тлените останки на покојниот поглавар на Грчката црква, наместо тоа да остават дар во хуманитарни организации и институции без разлика дали се црковни или други.
Подготви:М.З.
Подготви:{moshits}