...Знаев еден, браќа мои, којшто доспеа во една толку бедна состојба. Во почетокот, ако некој од браќата говореше нешто, оној плукаше на секого и возвраќаше: „Што е тој? Не постои друг освен Зосим и нему сличните.“ Потоа почна и нив да ги потценува и да вели: „Никој не е подобар од Макариј.“ Нешто подоцна почна да зборува: „Што е Макариј? Нема подобар од Василиј и Григориј.“
Но малку по ова почна и нив да ги потценува и да вели: „Што е Василиј? Што е Григориј? Нема други, само Петар и Павле.“ А јас му реков: „Навистина, брате, ти и нив ќе ги омаловажиш.“ И верувајте, за кусо време почна да зборува: „Што е Петар и кој е Павле? Не постои никој освен Света Троица.“
Подоцна се возгордеа и против Самиот Бог, така што дојде надвор од себеси. Затоа, должни сме, браќа мои, да се подвизуваме против првата гордост, за да не би западнале малку по малку во совршена гордост. (Авва Доротеј )
Преминпортал
04 јануари лето Господово 2013