логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Monah.nok.shuma.jpg
ВЕЧЕРНИ МОЛИТВИ


Во името на Отецот и Синот и светиот Дух. Амин.
Слава Ти Боже, надеж наша, слава Ти.
Цару небесен, утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сè исполнуваш, ризницо на добрата и на живот подателу, дојди и всели се во нас, и очисти нè од сета нечистотија и спаси ги, Благи, нашите души.
Свети Боже, Свети Силни, Свети Бесмртни, помилуј нè. (3 пати)
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Пресвета Троице, помилуј нè. Господи, очисти ги нашите гревови. Владико, прости ни ги нашите беззаконија. Свети, посети нè и исцели ги нашите слабости, заради Твоето име.
Господи помилуј (3 пати)
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое. Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на зземјата. Лебот наш насушен дај ни го денес, и прости ни ги нашите долгови, како што и ние им простуваме на нашите должници. И не воведувај нè во искушение, туку избави нè од лукавиот.
Зашто Твое е Царството и силата и славата, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Господи помилуј (12 пати)
Дојдете да Му се поклониме и да припаднеме пред Царот нашиот Бог.
Дојдете да Му се поклониме и да припаднеме пред Христос Царот наш Бог.
Дојдете да Му се поклониме и да припаднеме пред Самиот Христос, Цар и наш Бог.

  • http://www.youtube.com/watch?v=Aw_n8kOhQ88
    Псалм 50
    Помилуј ме, Боже, поради Твојата голема милост, и поради мноштвото на Твоето милосрдие, очисти ме од моето беззаконие. Најнапред измиј ме од моето беззаконие и од мојот гревот очисти ме. Зашто јас го знам моето беззаконие и мојот грев е секогаш пред мене. Тебе единствено Ти згрешив и зло пред Тебе сторив, за да се оправдаш во зборовите Свои и да победиш кога ќе судиш. Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мојата мајка. Ете, вистината си ја возљубил, и надумната и тајна премудрост Твоја си ми ја јавил. Пороси ме со исоп и ќе се очистам, измиј ме и побел од снег ќе бидам. Дај ми да слушам радост и веселба, да се зарадуваат коските скрушени. Одврати го лицето Твое од моите гревови, и сите мои беззаконија избриши ги. Срце чисто соѕидај во мене, Боже, и дух вистински обнови во мојата утробата. Не отфрлај ме од лицето Твое и Твојот Свет Дух не одземај го од мене. Дај ми ја радоста на спасението Твое и со Дух Владичествен утврди ме. Ќе ги научам беззакониците на Твоите патишта, и нечистивите кон Тебе ќе се обратат. Избави ме од крв, Боже, Боже на моето спасение, ќе се зарадува мојот јазик мој на Твојата правда. Господи, отвори ги моите усни и устата моја ќе ја објавува пофалбата Твоја. Зашто да сакаше жртва, ќе Ти ја принесев, но сепаленици не благоволиш. Жртва за Бога е духот скрушен, срцето скрушено и смирено Бог не ќе го презре. По благоволението Свое, Господи, направи му добро на Сион и нека се возвишат ѕидните ерусалимски. Тогаш ќе Ти бидат угодни жртвите на правдата, приносите и сепалениците, тогаш на олтарот Твој ќе се полагаат телци.

 

Mal.Molitvenik.jpg Mal.Molitvenik.jpg

  • Извор:П РАВОСЛАВЕН МОЛИТВЕНИК  (Полошко- кумановска епархија)

 

  • Преминпортал
  • 04  јануари  лето Господово 2013

 

Друго:


 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

 Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

 „Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето...

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

03/10/2025 - петок

Св.етиот великомаченик Евстатиј Плакида; Св. кнез Михаил и Теодор бојаринот; Преп. маченик Иларион; Св.е исповедници Aнастасиј и Aнастасиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов апостол Кодрат  4 октомври/21 септември  2025

Тропар на св. Христов апостол Кодрат 4 октомври/21 септември 2025

Светлината Христова преку тебе о Апостоле Кодрате,го посрами мудрувањето елинско,но гордоста на тие што седат во смртна сенка удри по...

Тропар на св. Христов великомаченик Евстатиј Плакида, неговата жена Теопистија и децата Агапиј и Теопист 3 октомври/20 септември   2025

Тропар на св. Христов великомаченик Евстатиј Плакида, неговата жена Теопистија и децата Агапиј и Теопист 3 октомври/20 септември 2025

Господ вистинската Светлина, ја покажа силата на вистината преку учителотваш Максим, о маченици и исповедници Анастасие и Анастасие.Единиот жив ковчег на благодатта...

Тропар на св. Христови мч-ци Саватиј, Трофим и Доримедонт  2 октомври/19 септември 2025

Тропар на св. Христови мч-ци Саватиј, Трофим и Доримедонт 2 октомври/19 септември 2025

Во Троица славениот Бог,тројцата маченици ги прослави,Трофим, и Саватија и Доримедонт:

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная