Во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“ во с.Маркова Сушица, ноќта петок кон сабота (28-29 декември 2012 г.), на празникот на Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; со почеток во 22:00 ч. се одслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија предводена од јеромонах Атанасиј Арсоски, во сослужение на ѓаконот Ѓоко Бурмузоски. Православните христијански души се причестија со Светите Христови Тајни.
Во најдолгата зимска ноќ ни се навестува Светлината.
Но како што веќе сме навикнале, има структури кои величественоста на настанот сакаат да ја понижат со гламурот на новогодишната ноќ. Ноќта која освен фактот дека сме една година постари ништо друго не значи.
Ајде на ова да се спротивставиме со плодовите на Божикниот пост и молитви. Да не дозволиме да нѐ обземе шумот на новогодишните подготовки. Но да се спротивставиме и на сведувањето на Божик на палење свеќичка во црква и богат божикен ручек.Затоа, во ова свето време на исчекувањето на Рождеството Христово, почесто да издвојуваме 15-20 минути во самотија и тишина да се потсетуваме: Кој ни доаѓа?!
За Преминпортал:
Ратислав Кардалев