Скопје, 23.12.2012 год.- харам на св. Јован Крстител
Во триесеттата недела по Педесетница, кога светата Црква молитвено го празнува споменот на светите маченици Мина, Ермоген и Евграф и преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот , во храмот на св. Јован Крстител, во населбата Капиштец, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Да се молиме за другиот, значи да му помагаме! Благодарение на благото расположение на нашето срце спрема него, да може да им се спротивстави на негативните помисли кои не без причина може да ги има против нас. Наспроти тоа, да не се молиме за него, значи дека ги оправдуваме, немајќи љубов од наша страна, лошите помисли што може да ги има против нас. Да го зачуваме единството во молитвата, околу чашата Христова и ќе видиме дека е лесно да љубиме! (Старец Софрониј )
Преминпортал (к.т.)
23 декември лето Господово 2012