Скопје, 21 декември 2012 год.- храм на св. Петка
На 21-ти декември 2012 година, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на Преподобен Патапиј и Светите апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар во храм на св.Петка, во Скопје, се одслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Ако не се здобиеме со дух за служење на ближниот, нашиот живот ќе биде бесполезен! Ако сакаме да ја преродиме нашата природа, да станеме според подобие Божјо, копнежот да му послужиме на нашиот ближен, треба да преовладува во нашиот живот! Служењето на ближниот има спасителна сила, бескрајно поголема од која било богословска теорија! Како можеме да Го познаеме Бога, Каков што Он Е? Христос ни го покажува патот поттикнувајќи нè да останеме во светост, за да не го повредиме ближниот, да ги претпочитаме другите повеќе отколку себеси, да не се стремиме да владееме над нив. (Старец Софрониј )
http://www.youtube.com/watch?v=B5M_NCSYtX0&list=UUXIY7BATr3tfKPkzK0j2HQA&index=1
Преминпортал
21 декември лето Господово 2012