логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...

  Stefan.Aco.dekan.jpg


   Скопје, 07.12. 2012- Богословски факултет


Stefan.Aco.dekan.jpg
 
35 ГОДИНИ
 ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ    

1977 – 2012
 Stefan.Aco.dekan.jpg
Stefan.Aco.dekan3.jpg
 
Денес Православниот богосовски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје го одбележа јубилејот 35 години постоење и по тој повод, врз основа на член 23, став 2 од Законот за високото образование (Сл. весник на РМ бр. 35/08, бр. 103/08, бр. 26/09, бр. 83/09, бр. 99/09, бр. 115/2010, бр. 17/2011, бр. 51/2011 и 123/2012), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква склучија ДОГОВОРза доутврдување на положбата на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Деканот на Факултетот, протопрезвитеротпроф. д-р Ацо Гиревски по повод јубилејот 35 години постоење на оваа највисока наставно-научна институција на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, им додели Плакетаза придонес во развојот и унапредувањето на наставно-инаучната дејност на Факултетотна архиереите на МПЦ кои биле наставници на овој Факултет, и тоа на Негово Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан; Негово Високопреосвештенство Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар и на Негово Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј.                            
Плакета за големиот придонес во афирмацијата на Факултетотим се додели и на двајцата најстари архиери на МПЦ, Негово Високопреосвештенство Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил и Негово Високопреосвештенство, поранешен Митрополит Европски  г. Горазд.
Плакета за придонес во развојот и унапредувањето на наставно-инаучната дејност на Факултетот, исто така, им се додели и надосегашните декани на Факултетот и тоа на: проф. д-р Јован Таковски, протоереј-ставрофор; проф. д-р Јован Белчовски; проф. д-р Ратомир Грозданоски, протоѓакон, а ННС му додели и на проф. д-р Ацо Гиревски, протоереј-ставрофор, сегашен декан.
Плакета на Факултетот за успешна соработка на полето на образованието и науката му беше доделенана проф. д-р Велимир Стојковски, Ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.     
Плакета на Факултетот за успешна соработка на полето на образованието и науката на Министерство за образование и наука при Владата на Република Македонија.
По повод јубилејот 35 години постоење на Факултетот деканот им додели Благодарницаза придонес во развојот и унапредувањето на наставно-научната дејност на Факултетотна пензионираните професори при овој Факултет, односно на академик Ѓорги Поп-Атанасов; проф. д-р Александар Трајановски и на проф. д-р Јане Коџабашија.    
Благодарница доби  Македонската Православна Богословија „Свети Климент Охридски“ во Скопје, Македонскиот расадник на кандидати за богословски студии на ПБ Факултет, како и Архиепископска Свеќоливница, донатор на Факултет.    
Деканот на Факултетот проф. д-р Ацо Гиревски, денес, исто така го промовира новиот доктор по теологија, Неговото Преосвештенство, епископот Лешочки г. Јосиф, а подели и триесетина дипломи на дипломирани теолози, меѓу кои и на Неговото Преосвештенство, викарниот епископ на Скопската Митрополија г. Јосиф.
Програмата се заврши со исполнување на неколку духовни композиции од факултетскиот хор под водство на апсолвентот г. Милош Дрпа, и сосема на крај со коктел.
По повод јубилејот 35 години постоење на ПБФ, говореа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македобнски г.г. Стефан и протопрезвитерот проф. д-р Ацо Гиревски, декан на ПБФ.
Го приложуваме словото на деканот на Факултетот, проф. д-р Ацо Гиревски.
 
Stefan.Aco.dekan3.jpg
 
СЛОВО ПО ПОВОД 35 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА ПБФ
Почитувани,
Дозволете ми по повод јубилејот: 35 години постоење на Православниот богословски факултет во Скопје, накусо да Ви го претставам Факултетот некогаш, денес;Факултетот утре.
Факултетот некогаш,                             Православниот богословски факултет е основан пред 35 години, во 1977 година, само 10 години по обновата на автокефалноста на Македонската православна црква. Матичната комисија ја сочинуваа академици и професори на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Прв декан беше подоцнежниот архиепископ г. Гаврил, преведувачот на Македонската  Библија. А за професори беа избрани најдобрите теолози, кои пред тоа се беа докажале во наставно-педагошката дејност при Македонската православна богословија. Подоцна ним им се приклучија неколку млади постдипломци, кои станаа архиереи, а Факултетот ја имаше таа радост во својата средина да има и неколку професори од УКИМ.                                    
 Stefan.Aco.dekan.jpg
 
 

Во првата т.н организациона фаза на Факултетот врз основа на Филозофско-историскиот факултет во Скопје и теолошките факултети од нашето соседство, беа донесени Статутот на Факултетот и неопходните правилници. Беа решавани, исто така, бројни проблеми од нормативен, наставно-програмски, кадровски, просторен и друг карактер. Следуваа и нови фази на растеж кои беа перманентно преиспитувани. Па така имаше одбележување на годишнини, т.е мали јубилеи, сè до неговата полна зрелост, кога се сумираа резултатите и се носеа позитивни оценки дека веќе се создадени неопходните претпоставки за натамошно разгранување и растеж на нашиот Богословски факултет.                 
Се организира издавачката дејност и почна да се печати Годишен зборник, со трудови од професорите, во кој се бележеа постигнувањата во наставно-научната дејност на наставниците, а се организира и студентско гласило Православен благовесник за студентите. Се печатеа учебници и учебни помагала. Библиотечниот фонд на Факултетот, со стручно-богословска литература се зголемуваше одден-наден.
Факултетот денес,                                Прикажувајќи го растежот и зрелоста на Факултетот, ни остана да истакнеме уште некои елементи што ја дополнуваат сликата на Факултетот. На Факултетот досега се запишале 1332 студенти, а од нив диломирале 334. Факултетот досега промовира неколку доктори по теологија, скоро ќе има нови постдипломци, така што околу него се мобилизира црковната интелигенција. Така Факултетот  стана град врз рид; запалена свеќа на свеќник. Та секогаш градов да биде тврдина на вистината!                    
Тоа го знаат три четвртини од епископатот на Нашата Света Црква, кои минале низ студентските клупи на овој Факултет. А познат е податокот дека  Богословскиот факултет на Црквата и на Државата им подари успешни мисионери, учители, уште и еден амбасадор и еден академик.    Додека, пак, МПЦ поведе постапка за канонизирање за светител на еден од првите успешни студенти на овој Факуктет, на возобновителот на монаштвото во Македонија, епископот Гаврил Светогорец.
Денес Богословскиот факултет, во согласност со Законот за високото образование и согласноста на САС  на МПЦ-ОА и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, претставува составен дел на Универзитетот со статус на придружна членка. Со тоа оваа најпрестижна  високошколска институција веќе успешно се етаблира во Европското семејство на Универзитети, каде теолошките факултети одамна се нивни постојанни членки.

       Stefan.Aco.dekan.jpg                                
Универзитетот, пак, за возврат ја помага дејноста на Факултетот со учество во реализација на студиските програми согласно со актите на Факултетот, во делот на интегрираната издавачка дејност на Универзитетот, остварувањето на меѓународната соработка, реализацијата на научната и стручната работа во формите на организирање на активностите на студентите и сл.        
Нашето учество во семинарот за Македонски јазик, литература и култура во организација на УКИМ продолжува во континуитет. Јавните трибини на најразлични теми, и со размена на професори, ни станаа традиција на Факултетот.                        
Сепак, Факултетот, останувајќи под целосна духовна и канонска закрила на МПЦ-ОА, својата дејност, улогата и задачите ги врши под непосреден надзор и грижа на Синодот на МПЦ и се грижи и врши контрола врз чистотата на православното учење. Бидејќи, запаленото кандило, треба да остане светилник на најсветата Христова наука, која ја примивме онака чиста и неизвалкана уште од Свети Климента и свети Наума, втемелувачите на нашата вера и просвета, а така и ја предаваме.                
А сега дозволете ми во годината на големиот јубилеј да кажам збор два за мојата визија за Факултетот.

Факултетот утре                                    Државната акредитацијата на Факултетот (2011), потоа приклучувањето на Факултетот при УКИМ, носењето на новиот Статут и Наставно-научните програми се новите прозорци на иднината на овој Факултет.     Деновиве ги започнавме меѓуфакултетските научни колоквиуми, наизменично  помеѓу Филозофскиот факултет со нашиов; ги започнавме разговорите за интерни докторски студии, а имаме покана за заеднички програми со некои од Факултетите при УКИМ.    Денес, видовте, Ректорот на УКИМ, проф.д-р Велимир Стојковски го потпиша Договорот со САС на МПЦ во лицето на Поглаварот на МПЦ-ОА за рамката околу Положбата на Богословскиот факултет со УКИМ, а на покана на Ректорот на Московската духовна академија, (во името и на овој Факултет) деновиве треба да замине за потпишување на договор за соработка со Московската духовна академија во Москва.            
Почитувани, мобилизирањето на најдобрите македонски теолози - магистранти и докторанти на престижните странски универзитети, за асистентски и млад наставен кадар, ќе овозможи систематско продлабочување на православната теологија, создавање на поповолен духовен и интелектуален амбиент за формирање на личности во духот на христијанскиот етос, и пошироко, во функција на остварување на мисионерскиот императив на Црквта. Можеби тоа ќе доведе и до скорешно разгранување на Факултетот во евентуални нови катедри или во институти.                            
Очекуваме полиберален упис на нашиов Факултет, а со тоа зголемување на квотата на запишани студенти во рамките на реалните потреби.                        
Со носењето на неколку системски одлуки, барем за догледно време го заокружуваме наставниот, соработничкиот и техничкиот персонал на Факултетот. Со тоа се создадоа точни цифри за носење на реален буџет на Факултетот. Останува АУО на МПЦ-ОА и Државата да го решат финансиското прашање на Факултетот.    
Во таа насока, согласно заклучоците од овогодишниот (и на двата предходни) Архиепископски црковно-народен собор на МПЦ-ОА, се доби едногласна поддршка да ги одоброволиме органите на Универзитетот да се залагаат и заедно со црковните власти да создаваат услови за трансформација на статусот на Факултетот од придружна во постојана членка-единица на Универзитетот.                    
И само уште ова. Кога е во прашање перспективата на нашите дипломирани теолози, тие се врзани не само за свештеничкиот позив, како што обично се мисли, ами и за вероучители во државните основни и средни училишта, во Богословијата, и на хуманистичките факултети кои пројавуваат интерес за теолошки содржини во наставата, потоа ангажман во сферата на мас-медијата, издаваштвото, културата  до најразлични хуманитарни активности.                
Ве уверуваме, дека младите кадри кои излегуваат од оваа највисока црковно-просветна институција, излегуваат во светот со општа култура и солидно образование од областа на православната теологија. Излегуваат на терен со полно осознавање на корените на нашата библиска и литургиска традиција, која ја донесе свети ап. Павле, а ја утврдија светите Кирил и Методиј, Климет и Наум. Згора на тоа, преку студиите на овој Факултет, тие длабоко навлегуваат во суштината на нашата вистина и ги запознаа основите на Црквата објективно. И поради ова можеме да бидеме уверени дека нашиот нов богословски кадар ќе ја брани каузата на нашата вистина и вистинската историја на нашата Света Црква.                    
Бидете уверени, дека тие теологијата не ја имаат како професија, туку како животна определба! Бидеќи, своето знаење тие го збогатуваат уште и со жив опит на облагодатената вера.                            
Нека ни е честит јубилејот 35 години постоење – Богословски факултет во Скопје, и да се гледаме на следните наши јубилеи со нови успеси. Благодарам.
 Stefan.Aco.dekan.jpg
 
 Stefan.Aco.dekan.jpg
 
 
 

Скопје 7 декември 2012   

 М-р Марија Гиревска, лектор при ПБФ

Фото: Преминпортал (к.т.)

ПРИЛОГ- ФОТОГАЛЕРИЈА

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

« »

Православен календар

 

08/01/2025 - среда

Собор на Пресвета Богородица; Спомен на бегството во Мисир; Преподобен Еварест; Свети Ефтимиј Исповедник, епископ Сардиски; Преподобен Константин Синадски; Преподобен Никодим Прилепски-Тисмански;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 27 декември / 9 јануари 2025

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 27 декември / 9 јануари 2025

Со добар подвиг се подвизуваше, првомачениче Христов и апостоле, ја изобличи безбожноста на мачителите.  Каменуван од рацете на беззакониците,

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани  27 декември / 9 јануари 2025

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани 27 декември / 9 јануари 2025

Запишани во непропадливата книга небесна, двајцата жигосани по лицата,  светите Теодор и Теофан,денес црквата ги возвеличува,  Христос ги прославува,

Тропар на соборот на Пресветата Мајка Божја   26 декември / 8 јануари 2025

Тропар на соборот на Пресветата Мајка Божја 26 декември / 8 јануари 2025

Дојдете сите верни ум да подигнеме кон Небесата, со Ангелите да ја восфалиме ОнааКоја е поширока од Небото,умилно песни да...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная