Прославувањето на споменот за св. вмч. Димитриј Солунски во Марковиот манастир започна со Голема вечерна на која богослужеше епископот Велички г. Јосиф, а во присуство на Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Следниот ден епископот г. Јосиф чиноначалствуваше со Божествената литургија во црквата на св. Димитриј во центарот на Скопје.
Извор: Скопска епархија