Ги известуваме православните верници дека на ден 07.11.2012 г.(среда) и на 08.11.2012 г (четврток), Марков Манастир, с. Маркова Сушица, го прославува храмовиот празник свети Димитрија - Митровден.
Во среда 07.11.2012 година со почеток од 17 часот ќе се одржи вечерна служба со Неговото Блаженство г.г. Стефан. После вечерната служба Архиепископот ќе ја благослови славската трпеза.
Од 22 часот, ќе почне вечерното бдение (Акатист кон Свети Димитриј и утринските молитви.)
Во четврток 08.11.2012 година, со почеток од 9 часот ќе се служи Божествена Литургија и ќе се врши осветување на славските колачи. По Литургијата ќе се благослови трпезата.
Заеднички, молитвено да му се обратиме на свети Димитрија, просејќи ја неговата закрила пред Бога.
Свети Димитрија моли го Бога за нас!
Марков манастир
Лето Господово 2012