Најважната мисија е да научиме како да станеме подобри луѓе. Немора да искачуваме планини и карпи за тоа да го научиме. Можеме и да не излеземе од своите домови, а сепак да ја остваруваме мисијата.
Бог, на нас луѓето, ни подарил слободна волја. Ни дал можност за избор. Тој знае што ќе се случи, но остава на нас да одлучиме како ќе се случи. Кој пат ќе го избереме...
Некоја чудна сила отсекогаш била покрај мене насочувајќи ме и помагајќи ми. Ништо во мојот живот не сум научила сама, ниту пак направила сама... Тоа многу добро го знам.
Интересно е како луѓето кога се дел од експедиција за искачување на повиксок врв, се менуваат. Таму горе не постојат парите, не постои облеката, не постои лагата. На некој чуден начин паѓаат сите маски од лицето, и повеќе не се гледа кој што постигнал во животот, туку кој што носи во срцето.
И не само тоа што луѓето стануваат некако повистински, нема ништо поубаво од тоа да се разбудиш и од шаторот да ги гледаш сите тие снежни врвови пред тебе светкајќи од сонцето, да ја чувствуваш чистината и свежината на воздухот кој го вдишуваш и ноќе да го гледаш ѕвезденото небо како да си дел од него. Мирот кој владее на високите планини, чистината и светлината можат само да ти помогнат да се вратиш назад во цивилизацијата како нов човек.
Оваа експедиција на Аконкагва беше предводена од првиот србин кој се искачил на Монт Еверест, Драган Јачимович – еден прекрасен човек и многу професионален водич. Тој ме научи дека патот до врвот е многу поважен, отколку самиот врв.
Спонзор беше специјалната болница “Филип Втори” и Меѓународниот Славјански Институт “Г.Р. Державин”, каде што студирам психологија.
Со благослов од Струмичката Епархија, и мојот отец.
Билјана Серафимовска